iPad: тастатура и брзи поставки

Откријте ги одликите на тастатурата на вашиот iPad и Контролниот центар.

Научете како да ја користите тастатурата на екран на вашиот iPad и како да ја приспособите осветленоста на екранот користејќи го Контролниот центар на iPad.

Пред да почнете

Во презентациите на овој курс се користи iPad без физичко копче Дома (Home button). Ако вашиот таблет е различен, некои од чекорите може малку да се разликуваат, но сепак ќе можете да ги следите.

Пред да почнете, бидете сигурни дека iPad е вклучен, целосно полн и дека го покажува копчето Дома (Home button). Исто така, вашиот софтвер треба да биде ажуриран.

Тастатура на iPad

Како да ја користите тастатурата на екран

Тастатурата на екран на вашиот iPad не е постојано видлива. За да ја активирате, допрете во полето за внесување текст. На пример:

  • отворете ја апликацијата на интернет-прегледувачот Safari (Safari web browser).
  • допрете ја адресната лента (Address bar) што се наоѓа во горниот дел на екранот на Safari за да извршите прегледување на интернет. Ќе се појави Тастатурата на екран (on-screen keyboard).
  • интернет-адресата (web address) во лентата ќе се нагласи со сина боја, што значи дека сте ја селектирале.
  • избришете ја адресата со допирање на копчето Избриши (Delete) во горниот десен дел на тастатурата на екран. Или, почнете да пишувате, да ја бришете адресата и да заменете ја со нов текст.
  • користете ја лентата за празно место (Space bar) за да ставате празни места помеѓу зборовите
  • допрете на Оди (Go) на тастатурата за да извршите пребарување на интернет.

Како да ги активирате големите и малите букви на тастатурата

На екранот на тастатурата можете да пишувате големи и мали букви:

  • активирајте ја тастатурата со допирање на полето за внесување текст.
  • допрете на кое било од двете копчиња Shift за да се прикаже тастатурата за големи букви.
  • откако ќе ја напишете големата буква, тастатурата ќе се врати во тастатура со мали букви.
  • користете го копчето Само големи (Caps lock) или допрете го двапати (double tap) копчето Shift за да ја заклучите тастатурата за големи букви.
  • допрете на Само големи или допрете го повторно двапати копчето Shift за да се вратите на тастатурата за мали букви.

Како да пишувате бројки, интерпункциски и други знаци

Тастатурата на екран има специјални копчиња што ви овозможуваат да пишувате голем број знаци и букви:

  • допрете на кое било поле за да ја активирате тастатурата.
  • на некои iPads се покажува редица со бројки во горниот дел на тастатурата.
  • ако вашиот iPad не го прави тоа, допрете го копчето под Shift означено со .?123.
  • тастатурата ќе се измени и ќе прикажува бројки, интерпункциски и други знаци.
  • допрете на кое било од овие копчиња за да додадете бројки, интерпункциски и други знаци.
  • допрете го копчето ABC (ABC key) за да се вратите на првичната тастатура.

Како да пристапите до Контролниот центар

Контролниот центар (Control Centre) собира на едно место голем дел од функциите што најчесто ги употребувате на вашиот iPad за да не мора да ги барате. За да пристапите до Контролниот центар:

  • поминете со прстот надолу од горниот дел на екранот. минувањето со прст треба да го почнете од горниот дел на рамката (bezel), а тоа е областа што го опкружува екранот.
  • контролниот центар се лизга низ екранот.
  • разгледајте ги овие поставки за да видите како може да ви помогнат да го користите вашиот iPad полесно.
  • затворете го Контролниот центар така што ќе допрете каде било на екранот, освен на иконата на Контролниот центар.

Како да ја приспособите осветленоста на екранот на вашиот iPad

Можете да го користите Контролниот центар (Control Centre) за брзо контролирање на осветленоста на екранот:

  • отворете го Контролниот центар (Control Centre) со минување со прстот надолу од горниот десен дел на екранот.
  • побарајте го големиот лизгач што има икона на сонце.
  • лизгајте го белиот дел нагоре за да го осветлите екранот. Така, ќе читате полесно кога се наоѓате на сонце.
  • лизгајте го белиот дел надолу за да го затемните екранот. Вака ќе заштедите батерија.